Паднаа најголемите нарко-босови на Балканот: Лисици за Сарма и Тута!
Српски Курир го дознава името на најолемиот швервер на наркотици на во Србија кого минисерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, неодамна го означи само со иницијали М.Н. Станува збор за Миќа Николиќ наречен Сарма од Нови Сад, додека Мевлудин Тутиќ од Нови Пазар, по тврдењето на министерот е еден од најголемите нарко-босови на Балканот, открива Курир.
Миќа Николиќ наречен Сарма (56) е новосадски бизнисмен кој е апсен и пред две години во акцијата на БИА и Обвинителството за организиран крминал, под сомнение дека е водач на нарко-кланот кој под контрола го држи пазарот во Нови Сад.
Во Нови Сад Николиќ легално се бавел со изградба на станбено-деловни објекти, преку својата фирма „Блу Лајн НС градња“.
Вториот уапсен, познат како Меда Тутиќ од Нови Пазар е означен како најголем нарко-бос на Балканот, соопшти српскиот министер Стефановиќ.
Сарма преживеа атентат
Името на Миќа Николиќ се доведува во врска со босанските и црногорските кругови кои тргуваат со наркотици. Николиќ е уапсен и 2002 година кога полицијата во неговиот стан пронајде оружје, поголемо количество хероин и поголем број сообраќајни дозволи и регистерски таблички.
Николиќ е тешко ранет кога во февруари 2008 година пред кафулето „Блу лајн“ врз него е извршен атентат кој до денеска не е расветлен. Неговиот пријател Винко Предојевиќ, родум од Добој, убиен е во ноември 2006 година во својот автомобил, а тоа убиство исто така не е расветлено.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата