Балкан
27. November 2019 - 12:09

Ова ја спаси Грција да не помине како Албанија: Потресот бил со иста јачина, но една работа била доволна за да нема жртви!

Претседателот на грчкиот  Сеизмолошки завод  и професор по геологија Ефтимос Лекас вели дека земјотресот има длабоко жариште и истакна дека ќе дојде и нови дополнителни потреси. 
 
Аксис Целидис, раководител на грчкиот Институт за геодинамика  веднаш  по потресот кој се случи изутринава изјави  дека Грција се спасила од рушење но и од човечки жртви, поради тоа што ваквиот силен земјотрес се случил во длабочина од 70 километри, иако епицентарот не бил далеку од Крит и Пелопонез кои овие области се густо населени. 
 
Претседтелот на грчкиот Сеизмолошки завод и професор по геологија Ефтимос Лекас вели дека земјотресот имал големо жариште во длабочината што може да дојде и до дополнителни потреси, но изјавил дека потресот не може да доведе до моќност колку  земјотресот во Албанија и Босна и Херцеговина. 
 
За потсетување, во катастрофалниот земјотрес во Албанија загина над 20 лица кој се случи во вторникот во близина на Драч, а го почувствува целиот регион.