Бизнис
14. December 2016 - 19:34

Отворени 900 бизниси преку грантовите за самовработување

Над 900 бизниси  досега  отворени со  грантовите за самовработување. Двата огласа за алицирање на невработените за  неповратните средства за основање на своја фирма се завршени. Следува постапката за исплата на парите.

- Досега 977 лица го потпишале договорот за основање на бизнис, уште 15 лица чекаат да се средат процедурите и да ги добијат дозволите. Вкупно ќе бидат 981 лице вработено со оваа мерка, рече  Слободанка Алексовска- раководител на Центар за вработување на Град Скопје

Оние со иновативни бизнис идеи и   кои имата потреба од повеќе вработени лица ќе добијат дополнителни средства од 1.500 евра.  Поради успешноста на мерката се очекува и следната година да биде дел од оперативниот план за вработување.

Од 2007 до сега со грантовите  основани се близу 8.000 бизниси. 75 отсто од нив сеуште активно  работата. Дел го зголемиле и бројот на вработени. 37 отсто од фирмите се основани од жени најчесто се во  финансискиот сектор и осигурувањето.