Отворен новиот градски пазар во Делчево
Во рамки на новиот градски пазар во Делчево ќе работат 18 дуќани и 192 продажни пунктови. Новиот пазар има отворен и затворен простор, со сите потребни критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на земјоделските производи.
Инвестиција е 732 илјади евра од кои 50 проценти се средства од државниот Буџет, реализирани преку Министерството за земјоделство, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој и преку Центарот за развој на Источно - планскиот регион. Останатите 50 проценти се од буџетот на Општината.
- Овој проект не само што е важен за граѓаните, туку со него се гради и нов урбан изглед на градот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, присуствуваше на отворањето на новиот градски пазар.
Премиерот потенцираше дека преку Центарот за развој на Источниот плански регион, во периодот од 2019 до денес, се реализирани 45 проекти финансирани од државниот Буџет, преку министерствата и ИПА фондовите и со поддршка од амбасади, како и останати организации, вклучително и градовите во источниот плански регион во вкупна вредност од 6,5 милиони евра.
Почетокот на работата на новиот градски пазар во Делчево го означија градоначалникот Горан Трајковски и редовната продавачка на производи на градскиот пазар Весна Милчевска.
-Нема поубав ден за еден градоначалник, од денот кога ќе се заврши и ќе се стави во функција еден капитален проект, како што е сега, новиот градски пазар, ветуван со децении. Ова е објект кој ќе остане да сведочи за генерации и генерации граѓани и е уште еден доказ дека кога се работи посветено, одговорно и домаќински, нема што не може да се направи за своите граѓани. Делчево успеа и овој пат, да се издигне над проблемите и во интерес на граѓаните да го добие овој капитален објект. Градскиот пазар е реалност и за граѓаните и за пазарџиите од Делчево и регионот, па со задоволство денес им го предаваме за да го користат, да го развиваат својот бизнис и да бидат горди што се дел од новaта приказна на Делчево, истакна Трајковски.
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство потенцираше дека изградбата на овој пазар ќе го направи Делчево економски центар, не само за градот, туку и регионот.
-И токму овде во Општина Делчево преку Програмата за рурален развој, покрај изградбата на градскиот пазар, за периодот од 2017 до 2022 година, сме поддржале проекти во вредност од 44,7 милиони денари. Преку мерките, 112, 113 и 115 на МЗШВ, за Далчево како земјоделска општина, сме дале поддршка на дваесет апликации за поддршка на млади земјоделци со грант од 10.000 и 20.000 евра и поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство со грант од 3.000 евра, рече Николовски.
Пред пуштањето во употреба на градскиот пазар претставниците на Владата го посетија пазарот и разговараа и со продавачите и со купувачите за условите, но и за значењето на овој капитален економски објект за Делчево и Источно-планскиот регион. Со одлука на Советот, новиот градски пазар е даден на трајно користење на ЈКП „Брегалница“.
Ново на Сител
-
Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани - по еден од нив се уште се трага
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче