-->
-->
Отстранет големиот дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија”
-->
По шест дена интензивна работа на терен, отстранет е големиот дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија”, од кој со вода за наводнување се снабдуваат земјоделските површини во атарите на Градско и во Росоманско.
Илија Темелковски, технички директор на АД Водостопанство на Македонија, подружница „Тиквеш” од Кавадарци, денеска информираше дека во најскоро време водата за наводнување повторно ќе се врати во каналската мрежа и без проблеми ќе продолжи наводнувачката сезона.
- Се работеше за голем дефект на левиот магистрален канал од хидромелиоративниот систем „Тиквеш”, поранешено „Макарија”, на сифонот кај росоманското село Камен Дол, прецизира Темелковски. сд/вј/16:09
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата