Откриено оружје во домот на напаѓачот од Шанзелизе
Француската полиција откри скривница за оружје во домот на 31-годишиот Адам Џазири, кој загина при вчерашниот неуспешен напад на парискиот булевар Шанзелизе.
Полицијата упаси четири лица, членови на семејството на исламскиот екстремист Џазири. Уапсени се поранешната сопруга на Џазири, неговиот брат и снаа се приведени вчера попладне при претрес на домот на семејството. Вчера беше упасен и таткото на напаѓачот.
Џазири (31) никогаш не е осудуван, но од 2015 година тој, како член на радикално исламистичко движење, е на полициската листа на лица кои би можеле да претставуваат закана по националната безбедност.
Неговиот татко изјавил дека Џезири „поседувал регистирано оружје и се обучувал за пукање“.
Џезири вчера удри намерно во полициско комби во центарот на Париз и загина. Во автомобилот се пронајдени оружје и експлозиви што можеле да се употребат за да се предизвика експлозија.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар