-->
-->
Откажани летови и намалена видливост на патиштата
-->
Поради маглата во скопската котлина поголемиот дел од предвидените летови за денеска на аеродромот „Александар Велики“ се откажани или пренасочени. Откажани се слетувањата од Истанбул, Љубљана, Белград и Цирих, како и полетувањата за Загреб, Барселона, Истанбул, Цирих, Виена, Базел, Љубљана и Белград.
Дел од предвидените слетувања се пренасочени кон аеродормите во Охрид и Приштина, а дел се вратени кон почетните дестинации, покажуваат податоците од веб страната на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози во зимски услови. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци: Скопје-Миладиновци, Скопје-Катланово и Катланово-Велес.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово