Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со претседателката на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК, Криста Швенг, на која меѓу другото, било разговарано за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК.
На средбата, како што информираат од МНР, Османи изразил задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регион за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување, инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент.
Османи и Швенг, исто така, размениле мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и во текот на процесот на преговарање.
Соговорниците, се вели во соопштението од МНР, разговарале и за Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Скопје, со цел усвоените препораки од Форумот да бидат презентирани на Самитот ЕУ-ЗБ во Словенија, наредната недела.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Приштина со протест нота за Скопје по случајот со Османи - МНР изрази жалење за настанот
-
Одбележувањето на Илинден го привлече вниманието на грчките медиуми, честитка испрати и Радев
-
Фрижидерите во ИЈЗ под клуч – ќе се знае кој влегува и зема реагенси!
-
Чадот од пожарите во Охридско се чуствува во градот
-
Шест пожари беснеат низ Македонија
-
Илинденски чествувања го зголемија бројот на туристи во Крушево
-
Расте интересот кај штипјани за ХПВ вакцинација, од јуни достапна и за момчињата