Македонија
3. August 2024 - 11:05

Исчезната е Клара, млада девојка од Општина Илинден

Девојка од скопската населба Илинден e исчезната, а апел за нејзиното пронаоѓање е објавен преку социјалните мрежи.

Според информациите, таа излегла вчера во 18:00 часот и со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 cm, тежина 56 kg, а очите се кафено-зелени.

Апелот е објавен од Ивана Тасевска, која ги повикува сите ако ја забележат да се јават во најблиската полициска станица.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) се чека потврда дали девојката е официјално пријавена за исчезната.