Оружен грабеж во две обложувалници на „Спорт Лајф“
Две обложувалници на „Спорт Лајф“ во Скопје синоќа биле ограбени на идентичен начин и речиси во исто време од страна на маскирани и вооружени лица.
Како што соопшти МВР, првиот грабеж е пријавен синоќа околу 21:30 часот, а се случил во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Франц Прешерн“ во населбата Влае, каде три маскирани лица, вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво при што од вработените ги одзеле парите од дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Вториот грабеж во 21:40 часот го пријавил вработен во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Лондонска“, во населба Тафталиџе, кој навел дека три маскирани лица со закана со пиштоли извршиле разбојништво при што ги одзеле парите од дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на двата грабежа.
Ново на Сител
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“