Општините Новаци и Коломбел промовираат меморијален туризам
Општина Новаци и француската општина Коломбел ќе промовираат развој на меморијален туризам.
Иницијативата доаѓа по завршувањето на заедничко истражување, означување, уредување и документирање на позначајни места, локации и споменици од првата светска војна на територијата на општината, истакна градоначалникот Лазар Котевски по завршувањето на официјалната посета на француската делегација во општина Новаци.
-Теренското истражување и уредување на поважни историски места што датираат од Првата светска војна, рововите на кота-1050 и други објекти сега се достапни за туристите. Валоризацијата на резултатите од досегашните истражувања на културните наследства на Новаци придонесуваат за развој на алтернативниот и меморијалниот туризам во општината и затоа ја поддржуваме оваа активност, посочи Котевски.
Општина Коломбел и општина Новаци работаат на тема „Мир и помирување факти од Прва светска војна“ и затоа во Коломбел ќе изградиме споменик кој што ќе се однесува на мирот и помирувањето од Првата светска војна, најави Енриет Од, член на општинскиот совет на Колобел.
- Освен расчистувањето на рововите, болниците, некогашниот аеродром и другата инфраструктура од бурните настани на периодот од 1916 до 1918 година, со овој проект изработивме веб-страна, билборди, карта, двојазични публикации, а на мапираните терени – ознаки и патокази на линијата од фронтот, потврди гостинаката од Франција, Од.
Во текот на следниот месец, на 11 ноември, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ќе оствари возвратна посета на Колобел каде ќе биде потпишан Меморандум за сорабока.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра