-->
-->
Општина Зрновци со четири проекти за соработка со Бугарија
-->
Општина Зрновци во рамки на прекуграничната соработка и искористување на средствата од ИПА програмата, ќе реализира четири проекти за решавање на повеќе комунални проблеми во трите населени места во општината.
- Два од овие проекти се однесуваат на изградба и асфалтирање на локален пат во должина од 1 километар помеѓу населените места Мородвис и Видовиште, и реконструкција на Домот на културата во село Видовиште во вкупна вредност од 200 милиони денари. Двата проекти се во соработка со општината Бобошево од Република Бугарија, изјави Блаже Станков градоначалник на општина Зрновци.
Станков потенцира дека Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци потпомогнати од општината и од бугарската општина Симитли, ќе го реализираат проектот за изградба на полски патишта во општината во должина од 1,5 километар. Комуналното јавно претпријатие „Водна кула“ како носител на проектот и општина „Гоце Делчев“ од бугарска страна, ќе работи на реализирањето на проектот за изградба на парк во Зрновци.
Паралелно со овие активности општина Зрновци работи на изработка на урбанистички планови за населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште со средства одобрени од Источниот плански регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок