Македонија
16. August 2019 - 12:25

Општина Кичево со акција за заловување кучиња скитници

Општина Кичево ќе започне со заловување улични кучиња, соопши општинската Служба за односи со јавноста, предупредувајќи ги сопствениците, домашните миленици да ги одбележат со ланче за да не бидат заловени.

– Тендерот за собирање и третирање на кучиња скитници во Кичево го има добиено Ветеринарната Станица „Центар“ со седиште во истата општина која ќе ги третира кучињата скитници соодветно законската регулатива во период од една година, вели Емин Насуфи од Општина Кичево.

Акцијата што општината ја спроведува е поради потенцијалната опасност за граѓаните од зголемениот број на кучиња скитници во градот, но и околните места.