-->
-->
Општина Бутел и Амос Шелтер поставија хранилки за бездомни кучиња на 12 локации
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2020/march/91521841_2594567924124887_7103641518333755392_o-256339.jpg?itok=5XXIsJnG)
Имено, Општина Бутел заедно со АМОС ШЕЛТЕР, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња. Денеска беа поставени 12 уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел. АМОС ШЕЛТЕР во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена а поголем дел од рестораните се затворени. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во наслебите на општината.
Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари