Општина Битола ќе додели по 3.000 денари за секое дете во прво одделение
– Општина Битола ќе додели еднократна парична помош на семејства за запишување дете во прво одделение во општинските основни училишта во учебната 2022/2023 година.
Семејствата кои имаат запишано дете во прво одделение во учебната 2022/2023 година, согласно одлука на Советот на Општина Битола, еднократната парична помош ќе ја добијат врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до основното училиште каде е запишано детето, со уредно приложена документација со која ќе се потврди запишувањето на првачето во основно училиште на територијата на Општина Битола.
Еднократна парична помош е во износ од 3.000 денари нето износ по дете, на семејства кои запишале дете во прво одделение во Општинските основни училишта, информираа од Општина Битола.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце