Опожарен кафе барот „Ориентал АС“ во Жеровјане
Три милиони денари изнесува штетата во кафе – барот „Ориентал АС“ во тетовско Жеровјане откако вчера околу 6 часот од засега неутврдени причини избувнал пожар во објектот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Сопственик на „Ориентал АС“ е А.А.(47) од Боговиње и во моментот на пожарот локалот бил затворен и во него немало никој.
Опожарен е западниот дел од објектот-ноќниот клуб и значително е оштетен целиот инвентар во неговата внатрешност - маси, мебел, телевизори, музички системи и друго додека другите простории биле видливо зачадени. Пожарот бил пријавен од вработен во кафе – барот по што уследила брза интервенција на тетовските пожарникари кои го локализирале огнот. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот, околностите и се друго додека вкупната материјална штета се проценува на околу три милиони денари, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга