-->
-->
Околу 2.300 мигранти спасени денеска крај брегот на Либија
-->
Околу 2.300 мигранти се спасени денеска во близина на брегот на Либија, а се пронајдени и тела на две лица.
Од вторникот, па досега, во Средоземно Море беа спасени вкупно 5.900 мигранти.
Невладината организација Лекари без граници соопшти дека само денеска извршила 14 спасувачки операции. Организацијата ги повикува лидерите на Г-7, чија средба на врвот почнува утре во Таопмина, да преземат смели ангажмани за реализирање на долгорочна хуманитарна миграциска политика.
Од почетокот на годинава во Италија пристигнаа над 50.000 мигранти. Над 1.400 мигранти се удавиле или се водат како исчезнати во Средоземно Море оваа година, покажуваат податоците на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена