ОЈО ќе проверува дали имало кражби од сефови на Шпаркасе банка
- Скопското Јавно обвинителство денеска соопшти дека издало наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови во Шпаркасе банка.
- Основното јавно обвинителство – Скопје од 30.11.2017 година постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Оваа пријава, како што е посочено, веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката.
Истовремено, издадена е и наредба за вештачење на материјални траги подигнати на лице место. Притоа, се проверува кој се имал пристап до трезорот со сефови на банката.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат