Македонија
28. July 2024 - 16:31

Охрид ја збогатува гастрономската понуда

Охрид ја збогатува сезоната со  гастрономската понуда .На едно место локалните производители  ги презентираа  своите специјалитети подготвени на традиционален начин на третото издание за манифестацијата Вкусете го Охрид – локално.

Целта на настанот е промоција на бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна коja има големо значење во развојот на туризмот.

Туристите кои моментално одмараат на брегот на езерото но и охриѓани  имаа можност да вкусат специјалитети карактеристични за овој  регион се запознаат со бројните локални производи направени со многу љубов.

Добрите познавачи сметаат дека традиционалните специјалитети приготвени секогаш од свежи продукти покрај тоа што ја збогатуваат понудата ја зголемуваат и промоцијата на нашата земја.