Ограбен таксист во Чаир
Синоќа во 21.45 часот во Скопје, Д.А. вработен како таксист, со патничко моторно возило „Рено Меган Скеник“ со скопски регистарски ознаки сопственост на такси компанија превезувајќи две непознати машки од автобуска станица „Рекорд“ до улица „Џон Кенеди“, му била извршена разбојничка кражба од страна на двете лица.
Притоа тие му одзеле мобилен телефон со што се стекнале со противправна имотна корист од 2.000 денари.
Имено, според пријавата, на раскрсницата помеѓу улиците „Џон Кенеди“ и „ЛазоТрповски“ откако Д.А. застанал на црвен семафор, едно од лицата се симнало од возилото додека другото го одзело неговиот мобилен телефон.
Возачот се обидел да го спречи во намерата но лицето започнало да му упатува закани, се симнало од возилото и со дрво го скршило задното стакло од возилото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти