-->
-->
Официјално Стефан Ристовски нов член на Спортинг Лисабон
-->
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и официјално е нов член на португалскиот клуб Спортинг.
Тимот од Лисабот и фицијално го претстави Ристовски како ново засилување.
Македонските фудбалер кој ги бранеше боите на хрватскиот шампион, Ријека, потпиша едногодишен договор и ќе ги игра како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција да биде целосно откупен на крајот од истата.
„Среќен сум што се реализира трансферот и ми се оствари сонот. Со нетрпене чекам да започнам, пристигнав во голем клуб. Верував дека ќе ми се укажа шанса и еден ден ќе потпишам за голем клуб како Спортинг. Сакам да го прикажам најдоброто од себе. Нема да давам ветувања, но можете да бидете сигурни дека ќе го дадам максимумто за овој дрес и овие фанови”, изјави Ристовски.
Во недостаток на официјални информации околу трансферот на македонскиот репрезентативец, медиумите во Португалија, веќе излегоа со претпоставки дека
Спортинг до донесе Ристовски за сума од 3.5 милиони евра, но веднаш му постави откупна клаузула од фантастични 45 милиони евра. Според договорот, Ристовски ќе остане во Лисабон една сезона, а по крајот на истата, португалскиот клуб ќе одлучи дали ќе го задржи во своите редови, бидејќи има право на откуп на комплетниот негов договор од Риека.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај