Официјализирана Јадранската трилатералка меѓу Хрватска, Албанија и Црна Гора
Министрите за надворешни работи на Хрватска, Албанија и Црна Гора денеска во Сплит потпишаа заедничка декларација за соработка во рамките на Јадранската трилатерала, со која се поттикнува зајакнување на безбедносната и економската соработка меѓу трите држави.
- Јадранската трилатерала ја договоривме на неформален состанок во декември минатата година во Брисел, а денеска во Сплит и формално ја инаугуриравме, а таа е насочена кон зајакнување на безбедноста во Јадранско Море и Југоисточна Европа, како и зајакнување на нашите односи како три земји кои делат исти вредности, изјави хрватскиот министер за надворешни и европски работи Давор Иво Штир.
Тој додаде дека со Јадранската трилатерала се поддржуваат Албанија и Црна Гора на евроатлантскиот пат, на кој ќе им помогне Хрватска.
- Србија е набљудувач во Американско-јадранската иницијатива и јасно кажа дека не е определена за членство во НАТО. Меѓутоа, оценуваме дека е добро за стабилноста на ЈИЕ да се поттикне приближување и соработка меѓу Србија и НАТО, која не мора да биде насочена кон членство, но може да биде насочена кон прагматичен облик на соработка, наведе Штир.
Тој додаде дека Хрватска го поддржува евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина и изрази уверување дека Албанија и Црна Гора ќе ја поттикнат БиХ кон европската и евроатлантската интеграција.
- Геостратешки гледано Јадранската трилатерала е важна за зајакнување на безбедноста, а не конфронтација во Јадранско Море, посочи Штир.
Во Сплит денеска е одлучено Јадранската трилатерала да продолжи да се развива и на ниво на шефови на влади и држави на трите земји.
- Министрите за надворешни работи на Хрватска, Албанија и Црна Гора денеска се договорија за заеднички пристап на маргините на следниот министерски состанок на НАТО и во таа смисла ќе побараа заеднички пристап до новиот државен секретар на НАТО, истакна Штир.
Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дамјановиќ потсети дека неговата држава е во завршна фаза за пристапување во НАТО и оти затоа е важна поддршката од Хрватска и Албанија.
Неговиот албански колега Дитмир Бушати изјави дека ја цени помошта од Хрватска во европската интеграција на Албанија.
- Нашите три земји имаат потреба од соработка и усогласување на напорите во процесот на евроатлантските интеграции, истакна Бушати.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар