-->
-->
Одземени телефони и компјутер од домот на Канческа-Милевска
-->
Два мобилни телефона и компјутер се одземени при претресот што денеска беше извршен во домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Информацијата за претресот за МИА ја потврди нејзиниот адвокат Сашо Дукоски.
Според првичните информации, се работи за нова предистражна постапка.
Од Специјалното јавно обвинителство и од полицијата засега не отркиваат никакви детали за денешниот претрес.
Претходно, дел од медиумите јавија дека извршен е претрес и во домот на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата