Кошарка
20. October 2015 - 10:15

Одом ја надмина кризата

Семејството на Ламар Одом соопшти дека здравствената состојба на поранешниот НБА кошаркар се подобрува. Одом минатата недела без свест беше пронајден во еден бордел во Невада.
 
Двојниот НБА шампион со ЛА Лејкерс, во утринските часови на 13. октомври бил пронајден во една соба од борделот како лежи на подот без свест. Одом паднал во кома бидејќи измешал опојни дроги со алкохол и растителна вијагра.
 
Некогаш најдобриот шести играч во НБА лигата, веднаш бил хоспитализиран, а првите неколку дена беше во кома.
 
Семејството во своето соопштение навело дека здравствената состојба на Одом се подобрила и дека врз него биле направени некои медицински испитувања, но не прецизирало кога тој би можел да ја напушти болницата.