Одлуката за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски ќе биде соопштена идната среда
Одлуката за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски, Судот во Солун ќе ја соопшти идната среда.
Како што информира Телма, на комплетната документација испорачана од Македонија, Судот денеска го ислушал и исказот на нивниот адвокат Петар Василев, кој тврди дека делата за кои се обвиниети двајцата поранешни разузнавачи се спротивни на многу закони во Македонија и Грција. Според него, судот треба да ја одбие екстрадиција.
Судот ќе ја донесе одлуката, откако на рочиштето ќе ја сослуша и сопругата на Горан Грујевски, која е предложена како сведок во негова одбрана.
Грујевски и Бошковски се во притвор во затвор во близина на Солун. На двајцата им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.
Претходното рочиште за лажните пасоши не се одржа бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кој исто така бил заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај 2018 година.
Судењето за лажните пасоши е одвоено од постапката за нивна екстрадиција.
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?