Одлука на Владата за нови 915 милиони денари субвенции за земјделците
Нови 915 милиони денари ќе им се исплатат на земјоделците со ребалансот на Буџетот, предвидува Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, усвоена на вчерашната седница на Владата.
-Со овие средства ќе се изврши исплата на земјоделските стопанства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и тоа за единствените барања по површина за производителите на полјоделски, градинарски, лозарски, овоштарски култури, како и исплата по грла на сточарите и тоа за говеда, овци, кози, свињи, живина и пчелни семејства, соопшти владината прес-служба.
Обезбедени се пари и за исплата на производители на градинарски производи кои своите производи ги имаат предадено во преработувачки капацитети, како и за откупена пченица од род 2018 година од домашно производство. Во измената предвидени се и финансиски средства за исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко предадено во периодот јануари заклучно со април 2018 година. До крајот на годината, најавуваат од Владата, ќе бидат исплатени производителите на јаболка за произведено и предадено јаболко кај откупувачи, како и производителите на свињи кои ќе аплицираат за под-мерката за депопулација на свињите.
Ново на Сител
-
Осуммина убиени со напад со нож во Кина
-
Русија вели дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала
-
Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико
-
Честитка од Љупчо Димовски, претседател на СПМ по повод 24 мај
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Најмалку 14 загинати во пожар во Ханој