Свет
10. September 2016 - 21:14

Дванаесет годишно момче од Индонезија примено на универзитет во Канада

Престижен канадски универзитет прими на студии по физика дванаесет годишно момче од Индонезија.

Сендикијаван Дики Сурјатмаџа е примен на Универзитетот Ватерло во Онтарио со стипендија, изјави индонезискиот амбасадор во Канада Теук Фаизасијах за „Џакарта пост“.

Амбасадорот оцени дека тоа претставува извор за инспирација за многу индонезиски деца и ученици.

Дики благодарение на големиот талент успешно предвреме ги поминувал оделенијата во Индонезија.