-->
-->
Одбиено барањето за изземање на судијката Кацарска од „Тенк“
-->

Кацарска на странките им врачи примерок од одлуката, по што судењето продолжи со сослушување на сведокот Зоран Марковски, вработен во Мак Ауто Стар во 2012 година.
На прашања од обвинителот, Марковски рече дека бил управител на Мак Ауто Стар, но не бил вклучен во процесот за изготвување понуда и учество на тендерот, а само е потпишан на договорот.
- Директно одговорен за тоа е директорот на продажба во тоа време. Цената се формира со тоа што на набавната цена се додаваат царински и акцизни давачки, вообичаената маржа и ддв. Ценовник за вакви возила не постои, бидејќи не се дел од секојдневната понуда, рече сведокот.
Кажа дека немал контакти со лица од МВР за оваа набавка. Рече и дека додека е управител на Мак Ауто Стар, продавале и други блиндирани возила.
На вкрстени прашања од адвокатката Сања Алексиќ, Марковски одговори дека немал никаков контакт со Гордана Јанкулоска и дека оваа постапка за набавка на блиндирано возило била прва извршена по пат на јавна набавка, додека другите продажби на такви возила биле со директно договарање. Сведокот објасни дека кога има потенцијален купец за возило кое се наоѓа во Германија се прави резервација за тоа возило, што не е обврзувачка за нив се до моментот кога купецот ќе ја потврди нарачката, по што се врши нарачка што потоа е обврзувачка за нив.
За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој случај закажа 23 рочишта за помалку од 40 работни дена.
На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Под клуч и државни објекти
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Комеморација во чест на професорката Сара Пројкоска од ФМУ
-
Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со масовни несреќи од кои последната е во Кочани
-
Која е фирмата 2 СС Кичево чијшто управител заврши во притвор?