Македонија
31. August 2015 - 9:20

Одбележување на соработката меѓу Собранието и Вестминстер фондацијата за демократија

Со осврт на сработеното и идните перспективи, денеска во Скопје ќе биде одбележана соработката меѓу Собранието на Република Македонија и Вестминстер фондацијата за демократија.

На настанот ќе присуствуваат претседател на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Едмонд Гарет.