Одбележување на 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе се обратат на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија, што ќе се одржи на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.
Како што соопшти кабинетот на Претседателот, по повод Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот Иванов ќе ги одликува со Орден за воени заслуги Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при Армијата на Република Македонија.
- Орденот за воени заслуги на двата баталјона на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската криза како глобален безбедносен предизвик, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки