Од понеделник подигнување на eлектронските здравствени картички
Електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање за издавање, а кои се уште не ги имаат добиено, се испечатени и дистрибуирани до подрачните служби, соопшти денеска Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).
ФЗОМ во соопштението наведува дека од 25 јануари граѓаните кои имаат поднесено барање, а немаат добиено електронска здравствена картичка, ќе може да си ја подигнат во подрачните служби на Фондот во местото каде што го поднеле барањето. Се работи за 106.541 електронски здравствени картички.
Подигнувањето на ЕЗК се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации за ЕЗК може да се добијат во подрачните служби или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 до 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.
ФЗОМ, исто така, информира дека активирањето на новите картички се врши веднаш по предавањето на ЕЗК на осигуреникот во Фондот или кај матичниот лекар. При првата употреба на ЕЗК кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за натамошно користење и заштита на картичката.
Дополнително, Фондот направи измени и во Правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и од 1 февруари 2016 година сите деца до тригодишна возраст немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ќе ги остварува преку еден од родителите.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка