Од октомври почнува производство на кинеската вакцина против Ковид-19 во Србија
– Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, објави дека производството на кинеската вакцина против коронавирусот ќе почне во Србија во октомври, и дека компанијата Хемофарм се очекува да произведе околу шест милиони дози до крајот на годината, јави Бета.
Лончар на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде го пречека првиот контингент на суровини за производство на кинеската вакцина, рече дека на 9 септември ќе биде поставен камен -темелник за изградба на фабрика што ќе ја произведува таа вакцина.
– Крајниот рок за завршување на изградбата на фабриката е првиот квартал од следната година и ќе се произведуваат околу три милиони дози месечно, изјави српскиот министер. Тој додаде дека „пробното“ производство ќе трае до октомври, а потоа ќе почне „редовното“ производство на вакцината.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра