-->
-->
Обука за пожарникарите од Македонија Каменица
-->
Пожарникарите во Македонска Каменица од денеска стартуваа со обуките со цел да ја зголемат ефикасноста при гаснење пожари во урбана средина. Стручната обука предвидува теоретски и практичен дел, а ќе се изведува два дена во неделата, информира командирот на ТППЕ Каменица, Малин Трајчевски.
- Предвидени се неделно 10 часа обука во наредниов период од 6 месеци. Обуката ќе ја држи ментор, односно командирот од ТППЕ Делчево. Исксутвото на пожарникарите од Делчево е големо, и нас како релативно млада противпожарна единица, ни е потребна практична обука со цел да бидеме поефикасни и попрофесионални, рече Трајчевски.
Менторот, командирот на ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски истакна дека првата реакција на противпожарните единица при пожар во урбана средина е многу важна со цел да не се дозволи проширување на пожарот и поголеми штети.
- Тоа е причината од која тргнуваме со обуките со цел да го зголемиме нивото на проефсионалност во единицата. Обуката ќе се сведе на гаснење пожари во урбана средина, објекти, висококатници, ќе се посвети посебно внимание на противпожарните тактики и техники на гаснење на пожарите, рече Атанасовски.
ТППЕ од Македонска Каменица е формирана со одлука на Советот на Општината во 2007 година. Освен обуката од операцијата „Флоријан“ и шкотските пожарникари кои донираа опрема на каменичката противпожарна единица, овие пожарникари немале соодветна обука. Инаку, ТППЕ Македонска Каменица располага со три пртовпожарни возила и друга соодветна опрема набавена од донации и од Општина Македонска. Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома