Македонија
27. March 2025 - 16:31
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
Просечен граѓанин кој следи комуникациски канали на политичари или медуми, дневно може да прочита и по 33 штетни наративи. Ова го покажува истражувањето на Институот за комуникациски студии за последните 9 месеци, во кои се опфатени предизборниот, изборниот и постизборниот период. Штетните наративи најчесто ги креираат политичарите, партиите и функционерите, а тие потоа се прелеваат и во медиумскиот простор.
Како резултат на истражувањето ИКС објави и монографија „Наративна стапица – откривање на штетните наративи кај политичарите и медиумите“.
Ваквите истражувања според нив се важни за да ја зголемат свеста за постоењето на штетните наративи, но и да го зголемат притисокот кон оние кои ги креираат и користат.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->