ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Мареш.
Петр Мареш во разговор за „Известија“ отворено изјави дека неговата мисија ќе биде да ја подготви Украина за влез во ЕУ и НАТО.
- Имаме 24 проекти во Украина. Сите тие се барани од украинската страна. Моја задача ќе биде да ги координирам тие проекти и да подготвам уште еден нов. Разговарав со министерката за надворешни работи на Финска, таа нагласи дека морам да бидам во најблизок контакт со украинските власти. Нема да им испратам Ф-16 и Абрамс, ниту ракети, но ќе ги подготвам за идното партнерство и членството на Украина во ЕУ и НАТО – тоа се мои задачи, рече тој.
Одлуката за именување на специјален претставник за Украина од група земји членки на ОБСЕ беше донесена на последниот состанок на министрите за надворешни работи на организацијата во Малта, што се одржа на 5 и 6 декември. Чешкиот дипломат Петр Мареш беше избран за таа функција на работната вечера на која беа поканети партнерите на Киев – претставници на 55 од 57 земји на ОБСЕ; отсутни беа делегатите од Русија и Белорусија.
- Министрите за надворешни работи на земјите од НАТО на состанокот во Брисел, што се одржа од 3 до 4 декември, едногласно не се изјаснија за покана на Украина за членство во Алијансата, бидејќи тоа би значело конфликт меѓу НАТО и Русија, изјави тогаш унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Ново на Сител
-
ОН: Туризмот во светот се врати на нивото од пред пандемијата со Ковид-19
-
Македонската репрезентација со еден гол негатива на полувремето против Австрија
-
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
-
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
-
Најмалку 66 загинати во пожарот во хотелот во турскиот ски-центар
-
ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија
-
ЕУ одобри 60 милиони евра помош за Вооружените сили на Либан
-
Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!