Објавени конкурсите за манифестацијата „100 илјади поети за промена“
Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук-профилот на манифестација или на мејлот poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисија одредена од организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, што ќе биде издаден во склоп на манифестацијата.
Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Постерите/плакатите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот.
Дизанерските решенија може да се испраќаат на истите адреси најдоцна до 20 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 26 септември годинава во Струмица.
Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. За оваа година веќе има најавено 500 настани во над 100 земји во светот.
Ново на Сител
-
597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање
-
Викендов почнува летното сметање на времето
-
Орбан: Брисел се подготвува за војна
-
Алонсо за потенцијалниот договор со Реал Мадрид: „Ситуацијата сега е поинаква“
-
Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје
-
Земјотрес почувствуван во Битола и околината
-
Претседателството на ССМ ќе одлучува за натамошните чекори што ќе ги преземе за минималната плата
-
Путин сака Украина да биде ставена под привремена администрација на ОН