Објавена снимка на која се слушаат пукотници во Зубин Поток и неговата околина
Пукотници од огнено оружје се слушаат во Зубин Поток и неговата околина, по акцијата на специјалните единици на косовската полиција, Росу, во општините со мнозинско српско население во северно Косово, во која се упасени повеќе лица од српска националност, меѓу кои и припадници на полицијата на Косово.
Косовската полиција соопшти дека во денешната акција уапсила неколку полицајци и цивили. Полицијата тврди дека во текот на акцијата наишла на вооружен отпор, пренесува РТС.
Меѓу уапсените во Зубин Поток е и тамошниот командир на полициската станица, по што околу 100 жители Срби излегоа на протест и со возила и камиони го блокираа магистралнот пат во правец на Митровица.
Според последните информации, косовските специјалци успеале да ја пробијат блокадата и го продолжиле патот кон јужниот дел на Митровица.
Косовската полиција соопшти дека утрово во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово спроведува акција за откривање на учесници во организиран криминал.
Станува збор за осомничени за кривични дела „шверц на стоки“, „злоупотреба на службена положба“, „давање поткуп“, „недозволена трговија“ и други.
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа