Обид за државен удар во Боливија - Претседателот тврди дека војската упаднала во претседателската палата
Боливискиот претседател Луис Арсе синоќа предупредил дека има „невообичаено распоредување на армијата“ во главниот град Ла Паз, изразувајќи загриженост дека во тек е потенцијален државен удар.
Во пораката објавена на неговите профили на социјалните мрежи, Арсе повикал на „почитување на демократијата“, додека боливиската телевизија емитувала снимка на која се гледаат два тенкови и воена патрола пред претседателската палата, пренесува АП.
Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес, исто така го осудил военото распоредување на плоштадот Мурило пред претседателската палата во порака на социјалните мрежи, нарекувајќи го државен удар „во подготовка“.
„Повикуваме на национална мобилизација за одбрана на демократијата во светло на државниот удар предводен од генералот (Хуан Хозе) Суњига“, нагласил тој.
Самиот Сунџига порачал дека има намера „да ја врати својата татковина“.
Според порталот „Дебер“, кој се повикува на извори, генералот претходно бил сменет од функцијата врховен командант на армијата.
Ново на Сител
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата