Свет
24. April 2016 - 13:38

Обама ја исклучи можноста за испраќање американски копнени сили во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама ја исклучи можноста за испраќање американски копнени сили во Сирија и нагласи дека ситуацијата во земјата не може да се реши само со воени средства.

- Ќе биде грешка за САД и за Велика Британија да испратат копнени сили и да го соборат режимот на Башар ал Асад, рече Обама во интервју за Би-Би-Си.

Американскиот претседател призна дека не очекува оти терористичката групација Исламска држава ќе биде победена во следните девет месеци, колку што остануваат до завршувањето на неговиот мандат.

- Можеме само да го намалиме регионот во кој дејствува, додаде тој.

Обама ја означи Сирија како мошне комплексна ситуација, за која не може да има едноставни решенија.