Македонија
16. јуни 2020 - 13:42

Новиот реис вели дека коронавирусот е жив

Новиот Реис вети транспареност и соработка, но сепак не ги откри причините поради кои беше разрешен Сулејман Реџепи.

Фетаи порача одлуката е донесена согласно уставот на ИВЗ за кои не сака поопширно да зборува. Анализите од кои причини дали финансиски неправилности или приватни работи на Реџепи, допрва ќе де прават во ИВЗ, а со аргументите ќе излезат во наредниот период. Институцијата ја дочекале стабилна, имале добро и мирно примопредавање на функцијата со Реџепи.

Новиот поглавар за состојбата со корона вирусот порача дека како верска институција се борат против ова зло и апелираат да се почитуваат мерките. За Шаќир Фетаи не е дискутабилно дали вирусот постои, тоа го докажале релевантни домашни и меѓународни институции.

 

Мирјана Давидовска