Новиот директор на BMW колабираше на своето прво јавно појавување
Новиот директор на BMW, Харалд Кругер денеска го имал својот прв јавен настап за време на изложбата на автомобилите во Франкфурт.
Нему, му се слошило додека ги претставувал најновите модели на BMW на коференцијата за медиумите, а потоа двајца мажи му помогнале а да ја напушти бината.
- Останав без текст, изјави портпаролот на BMW преку микрофонот.
Претставниците од германската компанија потоа соопштиле дека Кругер на момент доживеал вртоглавица.
- Конференцијата за медиумите е откажана со цел господинот Кругер да биде прегледан од страна на лекар. Неговата состојба сега e стабилна и тој се опоравува, наведоа претставници од компанијата.
Наместо Кругер, на прашањата на новинарите подоцна одговарал главниот финансиски службеник во BMW, Фридрих Ајцинер.
Некои се пошегуваа дека на господинот Кругер му се слошило бидејќи моделите биле исклучително добри.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот