-->
-->
Новинар тврди дека Путин е еден од најбогатите луѓе на светот
-->
Новинарот на „Гардијан“ Лук Хардинг тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е еден од најбогатите луѓе на светот. Хардинг е автор на книга „Дослух: Тајни средби, валкани пари и како Русија му помогна на Доналд Трамп да победи“.
- Русија е најголем произведувач на нафта во светот. Луѓето на врвот на руската држава се мултимилијардери, а Путин е на врвот на таа пирамида, иако официјално има плата од само 100.000 долари годишно, тврди Хардинг.
Според него, Путин официјално нема некој посебен имот, но преку свои посредници директно контролира 37 проценти од нафтената компанија „Сургутнефтгаз“, како и 4,5 проценти од гигантот „Газпром“.
Хардинг проценува дека во 2012 година Путин контролирал имот вреден околу 70 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?