Нови методи на следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) почна проект за прибирање, обработка и анализа на податоци за сообраќајниот систем со цел прецизно и ефикасно утврдување на причините за сообраќајните незгоди и обезбедување квантитативни податоци за состојбата со безбедноста во сообраќајот на локално ниво.
Проектот „Примена на индикатори за следење на состојбата со безбедноста на сообраќајот на патиштата на локално ниво“ ќе се спроведува од април годинава со поддршка од Владата на Република Македонија.
Како што информираат од РСБСП, ќе се следат индикатори кои што се однесуваат на возачите, за брзината на движење, за возилата, за користењето на системите за пасивна безбедност, за пешаците и за патната мрежа.
- Самиот процес на следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата врз основа на индикатори ќе биде континуиран и постојан и претставува чекор напред во унапредување на процесот на управување со безбедноста во патниот сообраќај. Очекуваме на среден рок да добиеме квалитетни податоци за состојбата со сообраќајот на локално ниво и да ги преточиме во препораки за нејзино подобрување и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, се вели во соопштението од РСБСП.
Во моментов се спроведуваат обуките за претставниците од локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи за следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата на локално ниво, врз основа на точно дефинирани индикатори.
Ваквиот систем е во согласност со европската пракса, со препораките на експертската група за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во регионот на Југоисточна Европа, научно и емпириски поддржан и претставува основа за создавање база на податоци врз основа на кои ќе се креираат политики и мерки за унапредување на безбедноста на патниот сообраќај во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати
-
Пластични хирурзи апелираат за мелемите за изгореници кои се нудат на социјалните мрежи – не знаеме дали се стерилни!
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик Ток доби кривична пријава
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен