Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
Од 13 до 19 јануари, тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на Сарс-ков-2, за 8.9 проценти повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe два нови позитивни случаи, за четири помалку во однос на минатата недела, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.
Во тековната недела, регистрирани се две заболени лица, по едно во Кратово и Скопје. Во текот на минатата недела, регистрирани се петмина оздравени и нема починати лица асоцирани со вирусот.
Во текот на 2025 година, заклучно со вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 13 заболени лица.
-Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, појаснуваат од Институтот.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети