Нови асфалтирани улици во гробиштата „Бутел“ и „Камник“
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ асфалтираат нови улици во гробиштата „Бутел“ и „Камник“, на вкупна површина од 3.000 метри квадратни. За овој зафат Град Скопје ќе вложи околу 3,5 милиони денари.
Од 2012 година досега Град Скопје на градските гробишта има асфалтирано улици со вкупна површина од 12.000 метри квадратни.
Во изминатиов период беше изградена атмосферска канализација за извлекување на атмосферските води од гробиштата во Бутел во должина од околу два километри, со бекатон-плочки е поплочено платото кај споменикот на борците од НОВ, целосно се заградени гробиштата во Камник, а заедно со А.Д. „Бутел“ се врши и реконструкција на постојната ограда на гробиштата во Бутел, која на места е многу оштетена.
Град Скопје информира дека и наредниот период ќе ги продолжат активностите за уредување на трите локации на градските гробишта, на Градските гробишта во Бутел, на Градските гробишта во Ѓорче Петров и на Градските гробишта во Камник.
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден