Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
До крајот на годината, Дојран ќе добие нова и модерна пречистителна станица. Со ова, завршува еден од клучните проекти за заштита на езерото. Освен изградба на нова станица, целосно се реконструира и колекторскиот систем со што конечно се решава проблемот стар речиси четири децении. Новиот проект ќе овозможи зголемен капацитет за прочистување на отпадните води што се влеваат во езерото и ќе придонесе за подобра заштита на ова природно богатство.
Реализацијата на проектот чини околу 4, 5 милиони евра од кои поголемиот дел се обезбедени страна на македонската влада, а еден дел е поддршка од амбасадата на Република Словенија. Освен пречистителната станица и санација на колекторскиот систем, со проектот беше изградена и канализација во селото во село Црничани а се палнираат и две мини прочистителни во Фурка и Црничани.
Освен што ќе помогне во заштитата на езерото, од локалната самоуправа очекуваат овој крупен проект да придонесе и за поголем развој и на општината, но и на Дојран какотуристички центар.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар