Нова можност за заработка: Балканци чистат риби за 3.000 долари месечно
Meѓу Баланците нов тренд за брза заработка стана Алјаска. Се повеќе невработени, но и оние кои имаат мали примања се одлучуваат да заминат на далечниот север и да чистат риби.
Иако звучи примамливо се работи за тешка работа со работно време од 12 до 16 часови на ден без слободен викенд. Како што велат оние што заминале, ова е работа за оние кои се ментално силни и можат да ги издржат сите услови.
За три месеци, колку што најчесто траат договорите додека трае сезоната на лов може да се заработи од 7.000 до 12.000 долари.
Кандидатот треба да е минимум една година вработен во својата земја и пожелно е да биде во брак.
Плаќате 100 долари за виза и уште толку за апликација и доколку го поминете интервјуто од свој џеб го плаќате авионскиот лет кој чини околку 1.500 долари. Таа сума работодавецот ви ја враќа кога ќе почнете со работа.
Ново на Сител
-
Во синоќешните инциденти во Атина приведени 30 лица
-
Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата
-
Холандија вети 3,5 милијарди евра поддршка за Украина за 2026 година
-
СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза
-
Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров
-
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност
-
Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана
-
Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеле на ТВ 36,6 милиони луѓе во САД