-->
-->
Нов изглед на Полициската станица во Кичево
-->
Полициската станица во Кичево доби нова фасада и нови ПВЦ прозорци, со што е променет естетскиот изглед на објект, а е подобрена и енергетската ефикасност, со што се очекува да се намалат и трошоците за затоплување.
Покрај полициската станица во Кичево, реконструирана е и зградата на полициското одделение во с.Зајаз , а исто така целосно е реновирана и базната станица за изготвување на лични карти и пасоши во истото одделение.
Во врска со почетокот на работа на базната станица во село Зајас, портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски, истакна дека со дисперзијата на базната станица во полициското одделение во село Зајас, се почувствуваа и првите придобивки за жителите од овој крај.
– Веќе ќе нема потреба жителите од овој регион да патуваат во Кичево, туку работите ќе ги завршат во базната станица во село Зајас, каде ќе можат да се фотографираат за лични карти, пасоши и возачки дозволи. Овој пример секако ќе ни даде насока и во иднина, по сличен терк, да дисперзираме и други базни станици во југозападниот регион од земјава ако за тоа има потреба, рече Димовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
-
Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на македонската економија
-
Премиерот Мицкоски заминува во САД на инаугурацијата на Доналд Трамп
-
Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-
Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка
-
Абас: Палестинската управа е подготвена да ја преземе целосната одговорност во Газа
-
Во Вашингтон последни подготовки за инаугурацијата на Доналд Трамп
-
Израел објави список со 95 палестински затвореници кои треба да бидат ослободени во недела