Свет
23. March 2019 - 18:14

Норвешка: Во тек е евакуација на 1.300 патници откако на крузер му откажа мотор

Околу 1300 луѓе чекаат да бидат евакуирани, откако на норвешкиот крузер “Viking Sky” на сред невреме му откажал моторот во водите во близина на западниот брег на Норвешка. Во тек е акција на спасување на патниците. Спасувачките екипи од поморската служба соопштија дека крузерот пловел кон копното и дека пратил сигнал за помош.

Крузерот е сопственост на групацијата “Viking Ocean Cruises”, на норвешкиот милијардер Торстеин Хаген. Според официјалните информации од сајтот на компанијата крузерот можел да прими 930 патници.

Спасувачките екипи со хеликоптери и бродови се тргнати кон местото каде што се наоѓа крузерот, а на копно се подготвува терен за евакуираните патници.