Од општина Ѓорче Петров 250.000 денари за семејствата од опожарената зграда во Даме Груев
Советот на општина Ѓорче Петров денеска донесе одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата од опожарената зграда во населбата Даме Груев во висина од 250.000 денари.
- Градоначалникот Сокол Митровски и членовите на Советот на општината Ѓорче Петров дополнително презедоа обврска од правните субјекти да обезбедат други материјални и финансиски средства за помош на најоштетениот граѓанин на кој му беше изгорен станот во целост, соопшти службата за информирање на општина Ѓорче Петров.
На седницата на Советот со мнозинство гласови се усвоени и одлуки за донесување урбанистички план за Кисела Јабука, за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје за санација на ударни дупки. Продолжена е и одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на општината во висина од 5.000 денари.
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет